Челници од Чикаго Булс со приватен авион дошле во Сплит по Тони Кукоч

By

Документарниот филм The Last Dance, кој ја открива приказната за Мајкл Џордан и неговиот клуб Чикаго Булс, го допре и моментот за неговиот соиграч и поранешниот најдобар европски кошаркар Тони Кукоч. Како момчето од Сплит успеа да се најде во најдобриот тим во НБА лигата.

Кукоч кој е роден на 18. септември 1968. година во Сплит, целото свое детство го поминал во градот на Јадранското море. Татко му работел на бродоградилиште, а мајка му работела хонорарна работа.

Благодарение на убавата морска клима, малиот Тони најголемиот дел од времето го минувал надвор со другарите, на терените за фудбал. Но, ниту фудбалот ниту кошарка не биле неговата прва љубов. Кукоч најмногу го сакал пинг-понгот.

„Пинг-понг играв од осум до 12 години и станав младински шампион на Хрватска. Татко ми беше збудален по фудбалот и јас тренирав фудбал од 12 до 16 години. Потоа, летото пред 16. роденден, наеднаш израснав седум, осум сантиметри и одлучив да се фокусирам на кошарката”, вели во едно од своите интервјуа магичниот левучар на Чикаго Булс.

По првите две епизоди од документарниот филм The Last Dance, широката јавност се запозна со архитектите на моќните Булси, поранешниот генерален менаџер Џери Краус и сопственикот на клубот Џери Реинсдорф, двајцата луѓе кои биле пресудни за пристигнувањето на Кукоч во Чикаго.

Малкумина знаат дека Краус Реинсдорф, есента во 1990 година, допатувале од Рим со приватен авион и во Сплит пристигнале да се запознаат со Тони и неговото семејство. Тие го посетиле клубот каде Кукоч пораснал и се обиделе да го наговорат да ја прифатат понудата. Тие го и посетиле клубот каде Кукоч пораснал.

„Стигнаа со приватен авион од Рим. Во Сплит беа само два дена, но што работеа не ми е познато. Претседателот на клубот Игор Катунариќ и јас ги однесовме во ресторан Опатија на вечера, разговаравме се разбира за Тони и неговите планови, како и за плановите на клубот, но ништо конкретно тогаш не се договоривме, затоа што никој не ги знаеше плановите на Тони поврзани со НБА“, открил тогашниот директор на „Југопластика“, Јосип Билиќ.

Булси го снимале Кукоч долго време пред да го драфтуваат и многу време пред неговиот соиграч од „Југопластика“, Ивица Дукан, да стане негов скаут за Европа во 1991 година, кога заминал во кошаркарска пензија.

Дукан одиграл важна улога во одлуката на Кукоч да се пресели во Чикаго. Тој процес траел три години, без разлика на упорното наговарање на Краус кој уште во старт знаел за каков играч станува збор.

Наводно Краус бил импресиониран од сјајното издание на Кукоч на светското јуниорско првенство во италијанскиот Бормио. Поради неговата мека рака, лесна транзиција од одбрана во напад и одличните асистенции до соиграчите, Кукоч во Европа го доби прекарот „Келнерот”.

Во август 1987 година, Југославија двапати славеше против САД, а Кукоч беше брилијантен со 11 тројки од 12 обиди и речиси самиот ја потопи селекцијата предводена од Гери Пејтон, Лери Џонс и легендарниот тренер Лери Браун.

Како репрезентативец на Југославија, Кукоч играше заедно со идните НБА играчи Дражен Петровиќ, Владе Дивац и Дино Раџа. Репрезентацијата на Југославија најславните денови ги имаше во нивно време. Од 1987. до 1991. Југославија ниту на едно големо натпреварување не била подолу од третото место.

Во 1988. Кукоч освои сребро на Олимпијадата, потоа две Европски првенства по ред во 1989 и 1991(Кукоч МВП), а станаа и светски прваци во 1990 (Кукоч повторно стана МВП).

„Со сигурност можам да кажам дека репрезентацијата на поранешна Југославија со Владе, Дражен, Дино и мене беше најдобриот тим, по Дрим Тимот можеби најдобар состав во светот”, вели Кукоч, кој подоцна со Хрватска ќе налета на Дрим Тимот на ЛОИ во Барселона.

Тоа беше јасен знак зошто челниците на Булс, сакаа да го донесат во Чикаго, особено Краус, кој околу Џордан и Пипен го составуваше шампионскиот тим.

Во моментов Кукоч живее во САД, каде најмногу е посветен на голфот. Во план му е настап на професионалниот шампионат на САД во голф, каде сака да докаже дека и левучарите знаат да играат добар голф.

 

 

 

Ќе ви се допадне