„Чувствувам дека ја изгубив“, Анабела, по „Задруга“, ги прекинала контактите со ќерка си

Српската пејачка Анабела Атијас, која учествуваше во третата сезона во шоуто „Задруга“, во кое го освои и четвртото место, за „Пинк.рс“ вели дека по неговото завршување, повеќе немала никаков контакт со ќерка си Луна.

Анабела Атијас во третата сезона на „Задруга“ освои четврто место, а по излегувањето, за „Пинк.рс“ откри каков е нејзиниот однос со Луна, Гаги, Андрија.

„По завршувањето на финалето, повеќе немаме никаков контакт. Чувствувам дека ја изгубив. Прифатив со неа да одам на рајскиот остров затоа што тоа можеби беше последната можност да ги надополниме сите работи што ги изгубивме во животот. Но, сега таа си има свое друштво, во кое е среќна“, вели Анабела.

 

Scroll to Top