Српскиот фолк-пејач Милан Динчиќ – Динча стана татко. Неговата сопруга Јелена вчера роди момче, кое ќе се вика Вукан. Ова е прво дете на Динча и на Јелена. Двојката се венча годинава во април. Тие склучија брак во општина, а потоа направија мала семејна прослава со семејството и дваесетина најблиски пријатели.
Динча на публиката ѝ е познат по учеството во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.