Душко Тошиќ фудбалерот и сопруг на Јелена Карлеуша, ја изневерувал српската пејачка со манекенката Софија Милошевиќ. Како што пренесуваат српските медиуми, Тошиќ и Софија наводно се договориле да се видат на 16 јануари, но по избивањето на скандалот со голите слики, пејачката ја претркала стигнувајќи во Кина ден порано.
Според српски Курир, фудбалерот пред да замине во Кина, на Софија и резервирал авионска карта за 16 јануари. Се било однапред подготвено и договорено. Софија до тој период требала да ги заврши сите обврски кои ги имала во Белград, а потоа на располагање имала речиси две недели да помине со Душко, со кого била во врска со месеци.
Изненадувачката одлука на Карлеуша да отпатува во Кина, за да побегне од секс-скандалот со Огњен Врањеш ги пореметила нивните планови.
Софија и Тошиќ последен пат сè виделе во Белград кога почна аферата Карлеуша-Врањеш, која сеуште трае. Тој ѝ сè пожалил на манекенката за своите брачни проблеми и ги раскажал сите детали. Тошиќ стекнал доверба во Софија.
Тогаш фудбалерот ја замолил Софија да го посети во Кина. Два дена подоцна била резервирана карта за 16 јануари, вели извор близок до семејството на Душко Тошиќ. Карлеуша не знаела за плановите на својот сопруг и неговата љубовница, а поради избивање на скандалот таа со своите ќерки заминала за Кина да се види со својот сопруг.
Менаџерот на Карлеуша за време на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, во понеделникот и вторникот, ги замолил новинарите да не ја прашуваат неговата клиентка ништо во врска со избивањето на скандалот.
„Не ја прашувајте Јелена ништо ѝ ве молам немојте да ја туркате и притискате“, бил неговиот краток коментар.
Карлеуша среќна што Тошиќ ќе остане да игра во Кина до 2021 година