Актерката Неда Арнериќ иако е во стабилна состојба, сепак, се уште е критично и лекарите не можат да дадат никаква прогноза. Актерката, само два дена пред инцидентот играше во Белградскиот театар, во преставата “ Игра на двојки“, улога за која добила огромен аплуз, овации и сите биле на нозе додека аплаудирале, воодушевени од улогата на Арнериќ, пишуваат медиумите.
„Неда беше пресрќена, од она што се случуваше во таеатрот. Сите кометиравме дека е одлична по несреќата која ја доживеа кога падна од терасата“, кометираат.
Неда, која беше една од најпознатите актерки во Југославија ја памтиме и по улогата во филмот „Исправи се Делфина”, се обидела да се самоубие во својот стан, а ја нашле со голема количина лекови до неа.
Лежела на под без свест и давала знаци на живот. До неа имало многу апчиња. Актерката била итно пренесена на Ургентен во Белград.
Таа е во тешка состојба и лекарите прават се да ја спасат.
Случајот во полиција го пријавил братот на актерката која не му кревала телефон, а требала да се појави на настан на кој на немало.