Еди Рама нема возачка дозвола

Албанскиот премиер Еди Рама нема возачка дозвола. Тој открил дека никогаш не полагал за возачка и дека не му треба оти повеќе сака додека патува да размислува отколку да вози. „Кога одам пеш, не ја загадувам околината“, рекол Рама во едно интервју. Тој многу често од дома до владината зграда оди пеш затоа што двете згради се близу една до друга.

„Како обичен граѓанин Рајан оди по тротоар меѓу случајните минувачи, не вознемирувајќи никого. Албанските граѓани се навикнати поранешните премиери да ги гледаат како се возат со автомобили и обиколени со телохранители. За разлика од нив, 54-годишниот Рама редовно е на улица, сам или со сопругата Линда и синот Зеко. Тие пеш одат и во супермаркет да пазаруваат“, стои во еден скорешен натпис на „Албеу“ за албанскиот премиер.

Рама открил дека никогаш немал желба да научи да вози.

„Дедо ми имаше страст за автомобили. Ни татко ми ни јас не ја наследивме таа негова љубов“, изјавил премиерот во интервјуто.

Албанскиот премиер постојано е присутен во јавноста. Освен по својот политички став, тој е препознатлив и по модниот стил, оти комбинира патики со костуми.

Сите модни утки на албанскиот премиер Еди Рама

Scroll to Top