Пејачот Ера Ојданиќ позитивен на корона

Фолк-пејачот Ера Ојданиќ е позитивен на коронавирус. Тој е во болница, но вели дека нема симптоми и се чувствува добро. Пејачот се заразил од својот син, кој веќе две недели е на болничко лекување.

„Точно е дека сум позитивен. Сè се случи многу бргу. Во овој момент ги правиме сите тестови. Се чувствувам феноменално, немам никакви симптоми или болка, не кашлам, не кивам, само тестот е позитивен. Направив рендген на белите дробови и сега чекам лекарот да направи скенирање за да се осигури дека е во ред, но наодите засега се добри и нема промени“, рекол Ојданиќ за српските медиуми.

Пејачот потврдил дека е во истата болница во која се лекува и син му.

„Вирусот го добив од син ми, а тој го доби, претпоставувам, на забавата што ја направивме. Што да ви кажам, ова е ужасна, луда куќа, внимавајте“, рекол Ера.

Scroll to Top