(Фото) Ана Ивановиќ ја одржува формата со јога

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ откри дека ја огржува линијата со јога. Таа вели дека вежба и додека е во домашна изолација. Ивановиќ објави слика на „Твитер“.

„Ми се допаѓа да менувам малку јога, па класично вежбање. Оваа јога поза бара рамнотежа и стабилност. Потешко е отколку што мислите“, напиша таа во коментар.

Некогашната најдобра тенисерка на светот во моментов е во Германија со својот сопруг, фудбалерот Бастијан Швајнштајгер и нивните две деца.

Scroll to Top