(Фото) Аца Лукас потроши 15.000 евра за вереницата

Фолк-пејачот Аца Лукас платил 15.000 евра за пет дена летување на островот Капри во Италија со неговата девојка Јована Дорошки, пишува српски „Курир“. Според весникот, Лукас сакал барем неколку дена да оди на одмор со новата девојка и го избрал луксузниот италијански остров. Хотелот чинел 2.500 евра дневно за двајца, а пејачот изнајмил и јахта со која пловеле на италијанското крајбрежје.

„Тој само ја повикал Јована и ѝ рекол да се спакува бидејќи тие попладне имаа лет за Италија. Таа била изненадена и многу среќна. За жал, нема да можат да останат долго, зашто Аца има концерт во Белград во сабота, како дел од Фестивалот на музичка недела во Ушќе“, рекол извор близок до Лукас.

Српските медиуми пред неколку дена пишуваа и дека Аца е толку заљубен во Јована, што ѝ купил свршенички прстен и ја побарал за жена, иако се уште не е разведен од сопругата Соња.

Аца Лукас уште неразведен ја побара за сопруга новата девојка

Scroll to Top