(Фото) Бали Бег веќе не е најпосакуваниот маж во Турција

Турските медиуми пишуваат дека глумецот Бурак Озчивит, веќе не е најпосакуван маж во земјата. На местото на популарниот Бали Бег сега е Алп Навруз, кој, велат, ги освојува дамите со изгледот, шармот и талентот.

Навруз се прослави со сериите „Ќерките на Фазилет“ и „Азра“, има скоро 3 милиони следбеници на „Инстаграм“, а освен што снима серии, работи и како модел.

Моментално актерот е сингл, а за себе вели дека нема навика да флертува со непознати девојки и не ја користи неговата слава за тоа.

Сепак, има и такви кои велат дека треба да помине уште време пред Апл да го добие епитетот „најпосакуван маж во Турција“, оти покрај Бали Бег, на листата мажи се и Омер од „Вљубениот ерген“ и Езел од серијата „Езел“.

Scroll to Top