(Фото) Дара Бубамара на одмор на Малдивите

Пејачката Дара Бубамара летово го минува на одмор на Малдивите. Медиумите пишуваат дека за неа нема корона-криза откако претходно беше во посета на плажите во Хрватска, а потоа и во Монте Карло. Таа целото лето го мина објавувајќи провокативни фотографии од летувањето.

Пријателите за неа велат дека не штеди пари. Иако голем број од естрадните уметници не може да настапуваат и да заработат поради корона-кризата, за Дара тоа не е проблем. Таа има доволно пари за да си дозволи вакви скапоцени летувања, откриваат извори блиски до пејачката.

Многумина од обожавателите ја пофалија за објавените жешки кадри и провокативни изданија. Дара додека се сонча, ужива и во скапите пијалаци и коктели на островите.


Scroll to Top