(Фото) Дарко Лазиќ вели дека баба му го запалила гробот на татко му Милан

Пејачот Дарко Лазиќ вели дека неговата баба случајно го запалила гробот на неговиот татко Милан Лазиќ, кој почина во декември минатата година. Местото каде што бил погребан Милан речиси целосно изгорело, откако бабата на Дарко запалила свеќа покрај него.

„Баба ми запали свеќа и ја остави да гори, а бидејќи тревата е вештачка, настанал мал оган“, изјавил Лазиќ за медиумите.

Пожарот ја уништил рамката со вештачка трева, но и долниот дел од надгробниот крст, додека венците што стоеле таму од декември, кога бил погребан Милан, не биле засегнати од огнот.

За потсетување, Милан Лазиќ почина во декември минатата година, по операцијата за намалување на желудникот. Во јавноста се шпекулираше дека неговиот гроб бил запален затоа што Дарко Лазиќ имал неподмирени лихварски долгови.

(Фото) Лихвари го запалиле гробот на таткото на Дарко Лазиќ

Scroll to Top