(Фото) Дуа Липа има желба за голема Албанија

Британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа предизвика низа реакции на социјалните мрежи кога објави фотографија од голема Албанија, територија на која се присвоени Косово и Метохија, но и делови од Северна Македонија, Црна Гора и од Грција.

„Ав – тох – тон, придавка (жител на некое место), роден таму наместо да потекнува од мигранти или колонисти“, напишала пејачката.

Британскиот новинар Сем Стрит остро реагирал на објавата на Липа, а во коментар го споменал и најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ.

„Додека луѓето како Новак Ѓоковиќ се обидуваат да го обединат Балканот и не добиваат за тоа ништо освен критики, Дуа Липа седи во Лондон и објавува вакво нешто“, напишал Сем.

Тој им објаснил на Англичаните што претставува ова знаме.

„Објавата покажува дека таканаречената Албанија има присвоено делови од Србија, Грција, Северна Македонија и од Црна Гора. Потоа ја нарекува нација на мигранти или колонисти, што е прилично иронично за Албанка родена во Вестминстер“, напишал тој.

Објавата на пејачката предизвика многубројни негативни реакции поради искривувањето на историјата и практично повикува на нови терористички акти, пишуваат медиумите.

Scroll to Top