(Фото) Ќерката на Карлеуша со иста фризура како мајка си

Постарата ќерка на пејачката Јелена Карлеуша, Атина, ги следи модните тренови и сака да експриментира со фризурите како нејзината мајка. Карлеуша се пофали со новата фризура на ќерка си и објави фотографија на социјалните мрежи.

„Мојата мала убавица“, напиша Јелена со фотографија од Атина, на која таа ја усогласила бојата на своите плетенки со лакот за нокти.

Оваа фризура неодамна ја носеше и пејачката на едно од нејзините летувања.

Карлеуша важи за најголемата модна икона во регионот, а нејзината постара ќерка Атина тргна по нејзините стапки и веќе стана влијателна на „Инстаграм“. Неа ја следат преку 80.000 луѓе, а од неодамна Атина почна да се занимава и со манекенство.

Scroll to Top