(Фото) „Кога гледам како моите синови растат, исполнети со љубов, заборавам на сите проблеми“, Сека Алексиќ искрено за мајчинството

Српската пејачка Сека Алексиќ отворено напиша на социјалните мрежи, за улогата која ја има како мајка. Таа вели дека најубавите моменти се оние кои ги минувате со своите деца, но дека понекогаш знае да ѝ биде напорно. Таа објави фотографија на која позира со синот Јаков.

„Најубавите моменти се оние кои ги минувате со своите деца, иако понекогаш знае да биде напорно. Уморни сте, работите многу, можеби патувате или едноставно имате напорен ден. Но, кога ги гледате како растат, колку се полни со љубов, целиот тој замор исчезнува. Останува само љубовта“, напишала Сека.

Ваквата порака наиде на воодушевување и пофални коментари кај нејзините фанови.

„Само вистинските мајки се чувствуваат така и ништо не им е тешко да направат за своите деца. Само една нивна насмевка, за некој е ништо, а за нас е целиот свет, нашата ѕвезда водилка, нашата смисла за живот. Сека секоја чест и сè најдобро“, и коментирала една обожавателка.

 Пејачката се сликаше во нејзиниот елитен дом во Стара Пазова, место кое се наоѓа 30 километри од Белград. Таа живее таму со сопругот Вељко и двата сина.

Scroll to Top