(Фото) Лепа Брена ќе го жени синот

By

Балканската фолк-пејачка Лепа Брена планира да го жени својот најмлад син Виктор Живоиновиќ, пишуваат српските медиуми. Таа подготвува свадба за Виктор, кој набргу треба да се ожени за својата девојка Сандра Миљаковиќ.

Поради пандемијата на коронавирусот, свадбата е планирана да ја направат в година.

11, June, 2020, Belgrade – Performance of Aleksandra Zivojinovic (ex Prijovic) held on raft Port. Viktor Zivojinovic. Photo: Antonio Ahel/ATAImages
11, jun, 2020, Beograd – Nastup Aleksandre Zivojinovic (ex Prijovic) na splavu Port. . Photo: Antonio Ahel/ATAImages

„Планираме голема забава со 500 гости. Нè има многу во семејството и затоа мора да најдеме голем простор. Нема да правме свадба сè додека не се смири ситуацијата предизвикана од коронавирусот, но на Сандра и мене не ни пречи да чекаме. И така се чувствуваме како да сме веќе во брак. Таа ми е голема поддршка во животот. Неодамна прославивме и годишнина од нашата врска“, изјавил Виктор.

Сандра е родена во селото Будиловина кај Брус, а студира на Филолошкиот факултет во Белград и професионално шминка. Неодамна се врати со Виктор од Монако. Тоа беше нивниот прв заеднички летен одмор.

„Уживавме во одморот. Сандра и Брена се дружеа навистина убаво, тие постојано се сликаа. На сите ни требаше одмор. Особено на мама и тато, кои сè уште се во Монако“, вели Виктор.

Тој пред неколку дена отвори свој сплав во Нов Белград. Вели дека сака да почне самиот да заработува и да стане финансиски независен од своите родители.

„Од неодамна го отворив сплавот Move. Мајка ми беше против тоа затоа што веќе имаме ресторан, но на крајот ме поддржа. Иако живеев во Америка, не сакав да инвестирам пари таму, туку во Србија. Го сакам угостителскиот бизнис и ги почитувам сите мерки во борбата против коронавирусот. Заработката не е иста како порано бидејќи е намален бројот на гости, но јас секако не сум во минус“, вели Виктор.

Ќе ви се допадне

The Testament of Sister New Devil (Dub) (https://animeplanet.cc/m/lbkA) Episode 12 at AnimePlanet anime planet harem

Watch So I'm a Spider, So What? Episode 2 (https://animefreak.ws/m/JXK9/ep-2) at website https://animefreak.ws attack on titan animefreak