(Фото) Лепа Брена на првиот настап пред 40 години

Балканската ѕвезда Лепа Брена се потсети на почетоците во кариерата. Таа објави слика од првиот настап, пред 40 години. Црно-белата слика Брена ја сподели на „Инстаграм“.

„6 април во Бачка Паланка, првиот професионален ангажман на Лепа Брена и Лира шоу“, напиша таа.

На настапот Брена носела црн фустан со ремен и црна капа, па фановите ја пофалија дека и тогаш била модерна.

Scroll to Top