(Фото) Лепа Брена позира во бикини

Пејачката Лепа Брена деновиве заедно со своето семејство е на одмор во Монте Карло. Брена позира во костим за капење и покажа дека во текот на годините успеала да ја задржи витата линија. Нејзините обожаватели ѝ коментираат дека на изгледот може да ѝ позавидат и помлади колешки.

Брена ја откри тајната за својот изглед. Таа вели дека е на строг режим на исхрана и дека диетата многу ѝ помогнала да ја одржи витата линија.

„Наутро обично јадам по едно или две јајца. Гледам тоа да бидат органски јајца. За ручек обично некаква посна супа, без маснотии. Всушност, станува збор за вода во која има зелнчук. Задолжително имам и некое месо, кое претходно е добро зготвено. За вечера јадам риба со салата“, изјавила Брена.

Пејачката често објавува фотографии на социјалните мрежи заедно со нејзиниот сопруг Бобо Живоиновиќ со кого заедно пловат на нивната луксузна јахта.

 Поради пандемијата на коронавирусот, таа ги откажа концертите што ги имаше, а сега вели дека времето го искористила за релаксација и да одмори од секојдневните обврски. Претходно, изјави дека и недостигаат пеењето и концертите.

 

Scroll to Top