(Фото) Лепа Брена со чалма на глава крстари со јахта по Јадранот

Балканската ѕвезда Лепа Брена е на одмор во Црна Гора. По одморот во Дубаи, Мајами, Италија и Бугарија, таа сега со сопругот Боба Живоиновиќ крстарат со јахтата низ Јадранот.

Од таму редовно споделува фотографии, а фановите се поделени, некои ја фалат, некои ја критикуваат за нејзиниот изглед. Откако претходно и кажаа дека се нагрдила со операциите, сега и напишаа дека не и требало да користи филтери и да прави фотошоп.

„Брено, убава си жено и природно. Преубава. Со сите брчки. Остај ги операциите. Што ќе ти се? Тоа не ти треба. Те сакаме ваква каква што си. Ова не е Брена. Ова не е Брена која јас ја познавам“, и напишале фановите.

(Фото) Целата е оперирана: фановите се скараа за Брена додека таа со Боба ужива во Црна Гора

Scroll to Top