(Фото) Лука Јовиќ од „Реал“ наместо во карантин на роденден, па откри дека ќе стане татко

Фудбалерот на „Реал“, Лука Јовиќ, откри дека ќе стане татко. И тој, и неговата девојка, топ-моделот Софија Милошевиќ, објавија иста слика на „Инстаграм“ со порака дека чекаат прво дете.

„Би сакале да ги споделиме среќните вести со вас, ќе добиеме бебе. Благодарна сум што Лука може да биде со мене во овој период. Не можев да замислам да сум без него во ова тешко време за целиот свет“, напиша Милошевиќ на Инстаграм.

Инаку, Јовиќ пред два дена со приватен авион од Шпанија дојде во Србија и не остана во 14-дневен карантин, туку отиде на роденденската забава на Софија. Јавноста го осуди заради непромислената постапка, оти во Шпанија има преку 10.000 заболени и тој може да ја пренесе болеста. Но, тој со објавата објасни зошто решил да се врати дома.

Инаку, ова ќе биде второ дете на српскиот фудбалер, кој со претходната девојка Анѓела Матијашевиќ го има едногодишниот син Давид.

Scroll to Top