(Фото) Лука Циндриќ стана татко

Поранешниот ракометар на Вардар и на Металург, хрватскиот репрезентативец Лука Циндриќ, стана татко. Тој и неговата девојка, Лара Стипетиќ добија ќерка. Ракометарот откри дека девојчето ќе се вика Алиса.

„Вакви тестови вселената им дава само на најсилните. Алиса, добро ни дојде на овој убав свет“, напиша Циндриќ на сликата што ја сподели на социјалните мрежи.

Лука и Лара се запознале во Огулин, каде што се родени двајцата. Лара е поранешна ракометарка, а кариерата ја прекинала пред неколку години. Циндриќ (26), кој сега е член на „Барселона“, два пати беше прогласен за најдобар хрватски ракометар, во 2017 и 2018 година.

https://www.instagram.com/p/B_F1mz5Hgmb/

Scroll to Top