Српската пејачка Милица Павловиќ објави фотографија од почетоците на нејзината музичка кариера.
На фотографијата од првите проби со микрофонот на прв поглед не може да се забележи дека станува збор за српската пејачка. Милица во младоста имала вишок килограми.
Првиот посериозен настап пред пошироката публика Милица го имала на аудиција на „Ѕвездите на Гранд“, во 2011 година. Сезоната 2011/2012 пејачката успеала да стигне до финале, а на крајот го освоила осмото место.
Пејачката денес има 27 години и нејзиниот изглед е целосно сменет.