(Фото) Неда Украден и на 70 години во бикини е авион

Фолк-пејачката Неда Украден повторно го привлече вниманието на јавноста откако објави слика во жолто бикини на плажа. Таа на 16 август ќе полни 70 години, но фановите ѝ коментираа дека воопшто не старее. „Авион си, Неда“, „Сега си позгодна отколку во младоста“, „Кога баба ми би изгледала вака“, се само дел од пораките што ги доби пејачката.

Таа покрај сликата напиша дека никој не е совршен, но дека сè е поубаво со море и сонце.

„Одиме, одбројување! 16 август премиера ‘За вистинска љубов’,“, напиша таа, па ја најави и својата нова песна, која ќе ја промовира токму на роденденот.

Scroll to Top