(Фото) Северина како Моника Белучи

Пејачката Северина Којиќ објави фотографија на која изгледа како Моника Белучи. Со помош на популарната апликација на „Инстаграм“, таа се трансформираше во италијанската глумица.

Северина се преправи во ликот на Белучи од култната сцена на романтично-воениот филм „Малена“, во која неколку мажи и ја палат цигарата.

Северина, која неодамна откри дека е позитивна на коронавирус, вели дека ѝ е досадно и дека си бара секаква занимација за да ѝ помине времето. Таа исто така им се заблагодари на сите фанови кои изразија жалење и загриженост за нејзината состојба.

„Драги мои, не знам како да ви се заблагодарам. Не можам на сите да ви одговорам на пораките, а понекогаш и морам да се одвојам од телефонот. Но, сакам да знаете дека сум добро“, напишала Северина под објавените фотографии.
Scroll to Top