(Фото) Српската пејачка Романа излезе од затвор

Пејачката Романа Паниќ денес е пуштена од затворот во Австралија. Таа брзо потоа објаво слика од имиграциониот центар во Бризбејн и покажа дека таму ќе чека за депортација во Белград.

Романа е пуштена од затвор, каде што беше од 25 јуни поради кражба од банкомати. Со неа е осуден и нејзиниот дечко. Осудена е на три месеци, но имала право на предвремен отпуст по отслужени две третини од казната.

Бидејќи не пријавила никаков прекршок и примерно се однесувала во затворот, пуштена е на слобода на 1 август.

Scroll to Top