(Фото) „Црквата ми е се“-Дорис Драговиќ се откажа од кариерата

Хрватска пејачка Дорис Драговиќ последниве години ретко може да се види на сцената и како што рекла, таа  потполно му се посветила на семејството.

Дорис е омажена за поранешниот хрватски ватерполист Марио Будимир, со кој го има синот Борно. Своевремено откри дека својот сопруг го сретнала на плажа и тоа било љубов на прв поглед.

Откако ја започна самостојната кариера, по низата бројни хитови, настапи и концерти, таа се повлече и се посвети на семејството.

Дорис откри зошто повеќе не е музички активна.

-Црквата ми значи се. Се ставив на таа карта и дозволив бог да ми помага и да ме води. Тој секојдневно ме потсетува од каде дојдов, каде одам и која сум сега – изјавила пејачката за српските медиуми.

Инаку, Дорис Драговиќ кариерата ја започна во групата “Море“, а во 1986 година ја преставуваше Југославија на Евровизија кога со песната “Жељо моја“ го освои 11-то место.

Scroll to Top