(Фото) Владо Калембер славеше роденден со поранешната жена

Хрватскиот пејач Владо Калембер го прослави роденденот со поранешната жена. Тој наполни 67 години. Сликата на која пијат кафе и носат маски на лицето, ја објави Ана со порака: „Среќен роденден Владо. Некои нови времиња, но пријателството ни е вечно“.

Владо и 30 години помладата музичарка се разведоа 2013 година, а го имаат синот Дариан (13). И покрај разводот, тие се добри пријатели, а и понатаму се голема поддршка еден на друг. И Владо и Ана често споделуваат заеднички слики и секогаш нагласуваат дека тоа што веќе не се во брак не значи дека не се сакаат.

Scroll to Top