Франка Бателиќ убава на мајка си

Мајката на хрватската евровизиска претставничка Франка Бателиќ, Ингрид Зустовиќ, успеа да украде дел од медиумското внимание на една веселба на која Франка присуствуваше со сопругот Ведран Чорлука.

Ингрид се појави заедно со својата ќерка за време на венчавката на нивни роднини, а потоа објави и фотографијата на „Инстаграм“ .

„Пред куќата каде што израснав. Средени за венчавката на нашите драги роднини“, напишала Ингрид.

„Секогаш убави. „Мама сè позгодна“, „Прекрасни“, „Многу личиш на мама“, се само некои од коментарите што ги оставија фановите под фотографијата.

Scroll to Top