(Галерија) Гламурозна журка за роденденот на Наташа Беквалац

Српската пејачка Наташа Беквалац вчера наполни 40 години и направи гламурозна забава во бело. Таа носеше бел проѕирен фустан со високи чизми, а според дрес-кодот и сите останати гости беа облечени во бело.

На забавата дошле 40 пријатели на Наташа, а меѓу нив беа и ќерките на пејачката, Катја и Хана, пишуваат српските медиуми.

Масите за гостите беа украсени со бели детали, букети, ангелски крилја и многу свеќи. На забавата на отворено, гостите се забавуваа до рано изутринава – пееше младата пејачка Ангелина, запеа и Наташа, а журката заврши со сет на познат српски диџеј, кој ги пуштал омилените песни на Беквалац.

 

Scroll to Top