Глумицата Весна Пеќанац живее во беда и се храни во народна кујна, а синот ја малтретирал со години

Популарната југословенска актерка Весна Пеќанац, која публиката најмногу ја памети по улогата на Јека од серијата „Ѓекна не е умрена, а кога ќе умре, не знаеме“, живее во беда и се храни во народна кујна. За нејзината тажна судбина јавноста дозна откако на Твитер се појавија слики на кои Весна е во народната кујна, ослабена и со марама на главата, објави српски „Објектив“.

„Редовна корисничка на кујната на Верско добротворно старателство. Дали ја препознавате жената на овие фотографии?“, напишала на Твитер девојка која прва ја објавила сликата од поранешната глумица. Фотографијата предизвика бројни коментари на социјалните мрежи. „Не разбирам. Зарем театрите во кои работат актерите не плаќаат пензија за своите уметници? Како тоа актерите немаат пензии?“, „Не можам да верувам дека тоа е Весна. Колку беше убава во помладите денови. Како некој да го исцицал животот од неа“, пишуваат на Твитер.

Весна беше во брак со познатиот режисер Живко Николиќ, со кого има два сина. Таа некои од нејзините најпознати улоги ги одигра токму во неговите филмови „Убавината на порокот“ и „Чудо невидено“. Голем дел од кариерата помина во „Ателје 212“.

Неодамна во јавноста првпат се дозна и дека таа била жртва на семејно насилство. По смртта на сопругот, таа преживеала вистинска драма, оти нејзиниот синот почнал да ја малтретира. Актерката се спасила криејќи се во прифатилиште за жртви на семејно насилство.

„По смртта на сопругот Весна живее страшен живот и постојано води битка со синот, кој неколкупати вербално дури и физички ја малтретираше“, открил нејзин сосед за српските медиуми во 2006 година.

Актерката тогаш побегнала од семејниот дом во прифатилиште за жртви на семејно насилство за да се спаси од малтретирањето на синот.

„Сиротата жена немаше излез и побегна од домот. Засолниште и дом најде во една невладина организација, која ја спаси од насилството прифаќајќи ја под својот покрив. Животниот пат на Весна стана многу тежок по смртта на Живко. Во осумдесеттите години таа замина во Америка со синовите и со сопругот. Кога стигнале во Холивуд, виделе дека тука за нив нема место и еден ден се спакувале и се вратиле назад во Југославија. Заминаа во Црна Гора, каде што Живко почина во 2001 година. По неговата смрт таа е врати во Белград со синовите за да се школуваат. Тогаш почнаа нејзините маки, кои ете се завршија во прифатилиште за жртви на семејно насилство“, раскажал пријател близок на семејството.

За наводната злоупотреба од синот, Весна никогаш јавно не прозборе.

Синот ја малтретирал со години, па избегала во прифатилиште за жртви на семејно насилство: Тажната судбина на актерката Весна Пеќанац

Scroll to Top