Српската пејачка Гога Секулиќ е бремена. Таа ова го потврди за српските медиуми, односно дека чека бебе со својот партнер Урош Домановиќ.
„Многу сум среќна!” –изјавила Секулиќ. И додала „се чувствувам одлично бидејќи дознав пред дваесетина дена, а влегов во четвртиот месец. Среќна сум, Урош и нашите семејства се исто така среќни. Тоа е најубавата работа што може да ви се случи“. Таа открила дека ќе се породи во Цирих зашто докторите таму ѝ ја следат бременоста.
Пејачката не сакала да го открие полот на бебето.