Хрватскиот тенисер Горан Иванишевиќ и неговата сопруга, радио-водителката Нивес Иванишевиќ, го чекаат своето прво бебе. Веста за бременоста ја сподели Нивес во својата радио емисија „385 шоу“.
Горан и Нивес се венчаа во декември минатата година на тајна церемонија. Ова е прв брак на Нивес, а втор на Горан. Тој пред пет години години се разведе од Татјана Драговиќ со која беше во брак 17 години. Од тој брак има две деца, Амбер Марија и Емануел.