Ѓорѓе Давид бил во Македонија две недели пред да дознае дека има корона

Членот  стручно жири во регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ и познат рокер  Ѓорѓе Давид  деновиве е хоспитализиран во клиника каде се лечи од коронатвирусот. Тој вано кажа дека е заразен и дека дека станал очаен откако дознал. Во борбата против коронавирусот поддршка му пружија сите колегите и натпреварувачи во шоуто, кој преку пораки на социјалните мрежи му посакаа побрзо оздравување. Но, две недели пред да ги почувствува првите симптоми и да побара медицинска помош, Ѓорѓе Давид бил во Македонија.

Тој имал повеќе работни состаноци во Скопје на 12 март, а попладнето замина во Охрид бидејќи бил  договорен да работат со Александар Јосифовски за следниот круг на шоуто, додека следниот ден, на 13 март требаше да снима гостување во Канал 5 телевизија кај Ване Маркоски. Но плановите се смениле дента, па не гостувал во емисијата.

Ѓорѓе Давид пак во интревју вели : „Свесен за фактот дека одуште од  јануари кашлам периодично и многу сериозно, не се ни посомневав дека еден ден може ова да ми се случи. Направив преку 2.000 километри токму во периодот од 11 до 14 низ Македонија и низ цела јужна Србија, апсолутно сигурен дека возејќи се во својот автомобил и контактирајќи ги луѓето на начин на кој ги контактирав мислев дека сум заштитен – во смисол не влегувам во толпа. А, потоа го вратив филмот и сфатив дека тие денови бев во контакт со најмалку 500 луѓе. Како некој кој е свесен за природата на својата работа, кој и да ми пријдеше во Македонија се фотографирав, кој и да ми пријдеше во Ниш се фотографирав, исто така во Врање не размислувајќи дека тоа може да се случи“,

 

Scroll to Top