Ѓорѓе Давид од „Гранд“ го победи коронавирусот

Ѓорѓе Давид, член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, е излечен од коронавирусот. По две недели во болница, тој денес си замина дома. Дека веќе не е болен, Давид им откри на фановите преку „Инстаграм“.

„Доме сладок доме! И ова го пребродив некако. Школо што го платив скапо. Благодарам доктори, медицински сестри, чистачки! Вие сте најсилни лавици. Да не ми се повтори ова. Сега е време за спиење“, напиша пејачот покрај сликата што ја објави.

За потсетување, Давид беше примен на клиника во Белград заради воспаление на белите дробови. Неколку дена откако почна да се лекува, рок-пејачот дозна дека е позитивен на ковид-19. Во деновите додека беше во болница, тој постојано споделуваше видеа за тоа каква у е здравствената состојба. Раскажа и дека, без да се посомнева дека е болен, се сликал со околу 500 фанови од Македонија и Србија брзо пред да биде примен во болница.

Scroll to Top