Хана и Грашо се среќи: Тончи Хуљиќ потврди дека неговата ќерка е во љубов со хрватскиот пејач

Хрватскиот композитор Тончи Хуљиќ се огласи по веста дека неговата ќерка е во љубов со Петар Грашо.„ Разбирлив ми е интересот на медиумите и јавноста за врската помеѓу Петар и Хана, но јас никогаш до сега јавно не сум се огласувал на теми поврзани со приватниот живот на моето семејство и на луѓето со кои работам. Сличен став имаат и Петар и Хана кога станува збор за нивниот приватен живот, а покрај тоа Петар е и наш голем пријател. Ако се тие среќни, а гледам дека се, тогаш сме среќни и јас и мојата сопруга.“ Петар и Хана во 2016 година го снимија дуетот „Срце без водач“, за кој музиката ја напиша Тончи, а текстот е на нејзината мајка. Грашо беше 25 години во љубов со Данијела Мартиновиќ со која неодамна се разделија.

Петар Грашо е во љубов со ќерката на Тончи Хуљиќ – Reporter.mk

Scroll to Top