„И во мое време се купуваше пластичен задник, ама јас нудев квалитет“ – Нада Топчегиќ ги критикува младите пејачки

Фолк-пејачката Нада Топчегиќ е револтирана од помладите пејачки кои стекнуваат слава со силиконски изглед и без талент. Вели, во Србија, па и во регионот, преку ноќ се појавиле многу жени што личат една на друга, а се популарни само поради изгледот.

„Јас кога бев млада, бев многу атркативна, имав многу песни, ама и бев природно убава. Тогаш не требаше во прв план да ги истакнувате градите и задникот, беше друго време. Немаше пластика и силикони како сега. Ама се сеќавам, кога бев во Кина, видов дека може да се купи пластичен задник. Видов една што имаше пластичен задник, ми изгледаше како да е на федери. Ја пипнав, ми изгледаше како да е гума. Не беше тоа за мене, јас знаев и тогаш дека имам квалитет“, рекла пејаката во емисијата De Toxic.

 

Scroll to Top