„Играв со Џордан, бев светски првак, не ми треба Куќата на славните“ – Тони Кукоч пак не го доби спортското признание

Поранешниот репрезентативец на Југославија и Хрватска, член на славните генерации на Југопластика и Чикаго Булс, Тони Кукоч, неодамна рече дека не знае дали некогаш ќе влезе во Куќата на славните, но и дека тоа не е најважната работа во кариерата на еден спортист.

„Искрено многу повеќе ми значи што играв со Мајкл Џордан и што освојував титули во НБА. Не можам да влијаам дали ќе влезам во Куќата на славните. Тоа треба да ги прашате луѓето кои одлучуваат за тоа. Би сакал да знам кои се тие луѓе. Наводно не се ни знае кои се, бидејќи никогаш не биле јавно претставени. Дали некогаш ќе ме примат во Куќата на славните, не знам. Дали би сакал? Секако. Ете мина уште една година и повотрно ништо не се случи“, рекол Кукоч за „Т-портал“.

Кукоч беше номиниран во за Куќата на славните во класата 2020, но осми пат беше одбиен. Од класата 2020 беа избрани Кевин Гарнет, Коби Брајант и Тим Данкан.

За потсетување, легендарниот хрватски кошаркар во кариерата има шест титули со Чикаго Булс, три во Лигата на шампионите со Југопластика, светско злато со Југославија, а со истата репрезентација два пати бил европски првак. Покрај тоа има сребрени медали од ОИ во 1988 со Југославија и ОИ во 1992 со Хрватска.

Scroll to Top