Ивица Дачиќ ќе ѝ помогне на Тања Савиќ да си ги врати синовите

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, ќе ѝ помогне на пејачката Тања Савиќ, да си ги врати синовите, кои биле киднапирани од нејзиниот сопруг и однесени во Австралија.

Пејачката веќе неколку месеци се бори да си ги врати синовите. Таа случајот го пријавила до надлежните органи и полицијата. Вели дека нејзиниот сопруг Душан Јовановиќ, во април, без нејзино знаење ги однесол во Австралија.

Тања вели дека е цврсто решена да се бори за своите деца, па затоа во последните неколку дена таа решила и јавно да соопшти дека ѝ биле киднапирани.

Таа вели дека сакала да го избегне ваквиот епилог, но била приморана за целиот настан да ги извести српската и австралиската полиција и да побара помош од нив.

Поедини медиуми во Србија пишуваат дека во тешката борба се вклучил и министерот за надворешни работи на земјата, Ивица Дачиќ, кој лично се ангажирал да ѝ помогне на пејачката да си ги врати синовите.

„Правиме сè што е во наша моќ за да ѝ помогнеме на Тања Савиќ да си ги врати децата. Го вклучивме и Министерството за правда. Според Хашката конвенција, тој нема право да ѝ ги земе децата“, соопштиле од кабинетот на министерот.

За потсетување, Тања Савиќ низ семејна агонија минува уште од април, кога Душан без нејзино одобрување, ги земал и однел децата во Австралија. На неа, како што вели таа, до неодамна и било овозмжен видео повик, преку кој се слушала со нив, но повеќе ни на тој начин не можела да комуницира, затоа што сопругот и неговото семејство, повеќе не ја контактирале.

Медиумите во Србија шпекулираат дека поради ваквиот потег на Јовановиќ, му се заканува затворска казна и до 30 години.

„Сопругот ми ги киднапира децата, го чека затвор“, пејачката Тања Савиќ почна борба за старателство

Scroll to Top