Се шпекулира дека Јелена Карлеуша ќе биде гостин на концертот на Дара Бубамара во „Штарк арената“ на 21 април, што предизвика војна меѓу ѕвездите на естрадата.
Бидејќи Дара и Сека Алексиќ веќе два месеца не се во добри односи поради концертот кој и двете го закажаа во Арената (Сека една недела пред Дара Бубамара), на таа тема се огласи и Јелена на Твитер. Без влакна на јазикот, Карлеуша го спомена и синот на Сека, Јаков.
На прашањето со што сака малиот Јаков да се занимава кога ќе порасне, со кој спорт, и дали тоа би било бокс, Сека изјави:
„Тато би сакал да биде борење, но јас би сакала да биде бокс. А тој веројатно ќе биде нешто трето. Тоа е индивидуална работа и многу се разликува тоа што родителите сакаат, а што детето на крајот ќе стане.
Тоа беше предизвик за Јелена да објави твит на сметка на Сека.
„Ги разгледувам весниците и јас гледам изјавата на Сека дека сака нејзиниот син да биде боксер. Ако таа на своето дете му посакува цел живот да добива удари во глава, тогаш ова што ѝ го направи на Дара е ништо“, напишала Јелена на „Твитер“.
Останува да видиме дали ќе следи одговор од Сека, со оглед на тоа што на последното јавно појавување таа одби да ја коментира Дара.
Инаку, Дара Бубамара и Јелена Карлеуша неодамна се смирија по долгогодишниот конфликт. Таа ја повика Карлеуша да биде гостин на нејзиниот концерт.