„Кога умре Луис станав социјален случај“ – Вдовицата на пејачот девет години по неговата смрт

Девет години по смртта на пејачот Љубиша Стојановиќ-Луис, неговата невенчана сопруга Силвана, раскажа за голготата низ која поминале таа и нивните деца, откако тој починал. Популарниот српски пејач загина во сообраќајна несреќа на 31 јули 2011 година. Тој беше еден од омилените ликови на сцената, а публиката го обожаваше и заради необичниот начин на пеење и заради емотивните изведби.

Луис имаше шест деца – Миодраг, Маја, Марко, Андреј, Сергеј и Ела Мита. Три од нив беа од врската со Силвана. Девет години по неговата смрт, таа за Пинк првпат раскажа низ што поминале.

„Андреј, кој во тоа време имаше осум години, Сергеј на шест и најмалата Ела Мита, која имаше само две и пол години, останаа без татко во моментот кога најмногу им требаше таткова фигура во домот. Големите проблеми дојдоа една година од неговата смрт. Се плашам кога се сеќавам на тоа што поминав. Живеевме сосема нормален живот, немавме никакви скандали, некој ќе рече дека живеевме совршено. Тој го имаше тој степен на свест, го разбираше животот, каква е неговата филозофија, како живееше. Секогаш има еден момент кај жената кога сака да промени нешто кај својот маж, но кога ќе почне да го менува, таа почнува да го губи. Го прифатив каков што беше. Сега, кога се сеќавам од оваа перспектива, беше многу добро и кога слушам нечија тажна приказна за дечко или сопруг, размислувам за тоа колку е неважно друго, колку е важно само тој да е тука. Да биде со вас, со вашите деца, децата да имаат татко. По неговото заминување требаше да поминат цели три години за да ги отстранам неговато крпа, четката за заби“, раскажува таа во интервјуто.

Сепак, вдовицата на Луис се соочила со огромен финансиски проблем во 2013 година. Останала целосно без приходи, со три мали деца, сметки, трошоци и долгови, а на крајот преживувала само од социјална помош.

„Беше октомври 2013 година кога останав без приход, немавме ништо. Имав три мали деца, долгови, заеми, лизинг, автомобил чија регистрација истекува. Останав без автомобил во еден момент. Четири месеци возев нерегистрирана кола, немав пари за регистрација. Беше многу стресно. Еден ден ме запре полицаец, му дадов ЦД од Љубиша, му ја покажав личната карта и заради тоа човекот ме пушти да си одам, можеше да ме стави во затвор. Потоа дојде еден период, кога станав свесна за тоа, а ми требаше многу време и сфатив дека сум социјален случај. Знаете колку е тешко тоа? Немав приходи, сестра ми, мојата кума, моите родители ми праќаа онолку колку што можеа, кога ќе наидам на некого што некаде го познавам, тие ми даваат пари за децата и јас од тоа живеев. Потоа, побарав помош од државата, тој додаток за деца. Го добив, беше 9.900 денари за три деца во тоа време и не знаев дали ќе можам да живеам со тие пари. Плаќав само она што беше потребно, банката ме бркаше. Тие ми се јавуваа секој ден. Им објаснував дека имам пари само колку да ги наранам децата. Се договоривме да плаќам на рати“, вели таа.

Со децата и нивните обврски била сама. Секојдневно морала да ги носи во градинка и училиште, на курс, на доктор. Имало денови кога немале ни за храна, но никогаш не престанувала да се бори за нив. Денес таа има приватна градинка, заработува одлично и вели дека постојано мисли на починатиот музичар.

Scroll to Top