Лекари од публика ја спасуваа српската глумица Слобода Миќаловиќ

Додека српската глумица Слобода Миќаловиќ за време на претставата „Лоренџачо“ глумела дека умира, а актерите околу неа изгледале загрижено, на сцената се качила докторка од публиката која сакала да ѝ укаже лекарска помош, пишуваат српските медиуми. Претставата се одржала во Ужица, на втората натпреварувачка вечер на „Југословенскиот театарски фестивал“.

Во една од сцените Миќаловиќ почнала да мавта со рацете како да не ѝ е добро, паднала и се фатила за актерот Бранислав Лечиќ. Во тој миг публиката почнала да вреска, некои од присутните станале на нозе и почнале да викаат: „Неа навистина не ѝ е добро! Помогнете ѝ!“. Веднаш потоа на сцената се качила докторка, началник на Одделот за неврологија во болницата во Ужице, која сакала да ѝ помогне на Слобода. Во тој момент, еден од глумците ја прегрнал докторката и ѝ покажал дел од сценариото на својот мобилен телефон, па таа сфатила дека сè е тоа дел од претставата, а дека Слобода одлично ја одглумила сцената.

За потсетување, Слобода е сопруга на глумецот Војин Ќетковиќ. Позната е по улогите во филмот „Зона Замфирова“ и сериите „Ранетиот орел“ и „Непобедливо срце“.

Scroll to Top