Лидија Вукиќевиќ три години среќна со помладиот дечко

Српската глумица Лидија Вукиќевиќ отсекогаш велела дека не може да живее без љубов. Иако неколку пати во јавноста призна дека има помлад дечко, таа првпат раскажа повеќе за врската со него.

„Заљубена сум. Не можам да ви го кажам неговото име, и така нема ништо да ви значи. Но, заедно сме три години. Тој е помлад од мене. Денес помладите мажи се посериозни од постарите. А и да бидам искрена, младите девојки немаат што многу да им понудат на мажите. Тие се такви какви што се. Сите се исти. Паметните млади мажи бараат личност и содржина. Јас немам проблем со тоа да се гледам со помлад маж“, рекла таа.

Глумицата која се прослави со улогата на Виолета Попадиќ во серијата „Подобар живот“ за љубовта зборуваше и во неодамнешното интервју за „Репортер“. Таа тогаш рече дека синовите го поддржуваат нејзиниот избор на мажи и дека не им пречи дури и кога има помлад дечко.

„Колегите ми ставаа сопки, а режисерите бараа да се соблечам“, ексклузивно со Лидија Вукиќевиќ

Scroll to Top