Марија Шерифовиќ мора 28 дена да е во карантин

Српската пејачка Марија Шерифовиќ мора да остане 28 дена во домашен карантин, бидејќи била во Хрватска. Таа за карантинот раскажа во интервју за „Хит информер“. Вели, тешко ѝ е, но и не сака да се жали многу, бидејќи има асистенти кои ѝ помагаат со сè.

„Хероите се познаваат по маките. Моите пријатели и соработници се многу грижливи, и тие ми купуваат што ми треба, ми носат сè што сакам“, рекла Марија во интервјуто.

Пејачката додала дека целата ситуација околу пандемијата со вирусот и вонредна состојба не ѝ ја намалуваат желбата да ја изгуби планираната тежина.

„Не сум ја прекршила диетата, затоа што мојата желба е да ослабам. Не знам зошто таква хистерија околу храната. Кога не сме премногу активни, нема потреба да јадеме премногу. Ако ви е здодевно, гледајте филмови и серии“, вели Шерифовиќ.

Пејачката раскажала дека ужива со нејзиното куче Хак.

„Сега правиме сè што пропуштивме со текот на годините. Се борам со здодевност со добри серии. Сите ние имаме за цел да издржиме за сето ова да трае што е можно пократко, а тоа е можно само ако сме совесни и одговорни,“ рекла таа.

Scroll to Top