Марина Туцаковиќ сака да се легализира проституцијата

Марина Туцаковиќ, познатиот текстописец, во интервју за „Информер хит“ зборуваше за проституцијата како најголема табу тема во Србија, но и за сексуалното воспитување на децата. Таа вели дека проституцијата е професија и дека ќе ја поддржи нејзината легализација.

„Тоа е работа како и секоја друга, откако постои светот и векот. Во многу европски земји таквиот начин на заработка е уреден со закон. Би било многу посигурно за сите што се заминаваат со ова, доколку постои закон што ќе им обезбеди одредени права и повластици. Сосема ми е океј жените да се бават со проституција. Факт е дека таа е и тоа како присутна на нашите простори“, рекла Марина.

Таа додала дека децата не треба да учат за сексуалното воспитување на училиште, туку дома од родителите.

„Децата треба да знаат дека треба да користат заштита, на кој начин да го направат тоа. Ова се муабети за во четири очи, меѓу детето и родителот“, вели таа.

 

Scroll to Top