Мариола од „Ивкова слава“ мора да каже кој ја силувал: поведена истрага по обвинувањата на глумицата

Кога актерката Даниела Штајнфелд (36) јавно откри дека била силувана од моќник во филмската индустрија, таа сега ќе мора да го каже неговото име бидејќи Обвинителството во Белград поведе истрага за случајот. Претходно, и неколку колеги на актерката ѝ испратија пораки на поддршка, но и тие побараа да го каже името на човекот што ја силувал.

„По објавените текстови во повеќе дневни весници, а кои ја пренесоа изјавата на актерката Даниела Штајнфелд дека од страна на лицето НН, означено како моќник од филмската индустрија, е силувана, Вишото јавно обвинителство во Белград даде барање за собирање на потребните известувања“, стои во одговорот што српски „Телеграф“ го добил од Обвинителството.

Надлежното обвинителство ќе формира случај и ќе поведе истрага за силувањето на актерката. Даниела, која се прослави со улогата на Мариола во хит-комедијата „Ивкова слава“ и пред дестина дена го промовира својот документарен филм „Исцели ме“ на Сараевскиот филмски фестивал, а во филмот, освен што разговара со жртви на силување, и самата ја раскажува својата приказна. Таа вели дека поради оваа траума, ја напуштила Србија, а долго време криела и од најблиските дека била силувана.

Даниела неколку години подоцна се соочила со својот силувач и разговарала со него телефонски, а тогаш тајно го снимила разговорот со него. Сега ова може да биде доказ ако има судење.

„Полицијата мора да спроведе истрага по наредба на Обвинителството. Како прво, секако, мора да има разговор со актерката, која тврди дека била жртва на силување. Понатаму, ќе бидат побарани дополнителни докази, како, на пример, дали таа повикала лекар за помош, кому му се доверила и слично“, пишува „Телеграф“.

Штајнфелд имаше улоги во неколку големи филмови и серии во Србија, меѓу кои и „Ранетиот орел“ и „Штрковите ќе се вратат“.

(Видео) „Ме силуваа, едвај го преживеав пеколот“: Мариола од „Ивкова слава“ прозборе за најголемата траума

Scroll to Top