Мажот на Анѓелка Прпиќ ја изневерувал со Ава Карабатиќ

Српската глумица Анѓелка Прпиќ се разведува од сопругот Дарио бидејќи ја изневерувал со хрватската старлета Ава Карабатиќ. Веста што ја пренесоа медиумите во регионот денес ја потврди и Ава.

„Да, тоа е вистина. Тоа беше додека бев во врска, поточно во 2017 година“, рекла Карабатиќ за „Блиц.рс“ .

Според медиумите, аферата меѓу Дарио и Ава почнала во време кога старлетата живеела во стан во близина на ресторанот чиј сопственик е Дарио. Таа постојано одела таму на ручеци и вечери. Бракот на Анѓелка уште лани бил во криза. Иако двајцата тоа го оправдаа со недостиг на внимание и љубов велејќи дека работат премногу и затоа не може да се посветат еден на друг, сепак реалноста е поинаква.

„Одамна се шпекулира дека Дарио ѝ е неверен на својата сопруга, но Анѓелка никогаш не веруваше во тие приказни. Кога пред неколку месеци се појави приказна дека нејзиниот сопруг повремено се гледа со хрватската старлета, таа сфати дека не станува збор само за озборувања“, рекол извор за „Ало!“.

 

За потсетување, Анѓелка и Дарио беа во брак девет години и го имаат синот Јакша.

Scroll to Top