Со оглед на тоа дека баш РТС и челните луѓе на Јавниот сервиз ја земаат како причина поради која Србија доживува фијаско на ова натпреварување секоја година, новинарите се одлучија да разговараат на оваа тема со жената која е дел од РТС, Мерима Његомир.
На прашањето што мисли за Евросонг, и дали како и повеќето луѓе што зборуваат, дали Јелена Карлеуша треба да пее на Евросонг, таа малце се збунила.
„Не сум слушнала за тоа, да зборуваат, да да тоа не би го коментирала. Секој има право да се обиде. Зошто да не? Па, толку трае таа Евровизија. Секој има право“, изјави дипломатски Мерима.
„Ако ја изгласаат, зошто да не иде“, заклучи таа со ист тон.
Како што веќе пишуваа, пејачката за наредната Евровизија, сама ќе се пријави, а народот ќе гласа и ќе одлучи кој ќе иде на ова натпреварување. Со оглед на тоа, малку е вероатно дека на Карлеуша ќе и падне на памет да се пријави.