Милош Биковиќ е најплатен глумец во Русија

Српскиот глумец Милош Биковиќ, е најплатениот глумец во Русија, пренесоа руските медиуми. Милош е прв на листата најплатени актери во Русија, а ги престигна милениците на жените Александар Петров и Данило Козловски. Нивните хонорари лани паѓаа, а по филмот на Биковиќ, „Слуга“, влезе во историјата на руската кинематографија како најгледан филм. Според нив, за еден ден снимање на филмот, тој заработувал по 420.000 рубли, односно околу 5.200 евра, пренесува рускиот портал 5-ТВ.ру.

Комедијата „Слуга“ од прикажувањата во кината досега заработи 50 милиони евра, па во феверуари донесоа одлука да снимат ново продолжение на филмот. Заради актуелната ситуација со коронавирусот, снимањето што беше планирано на лето, најверојатно ќе се одложи за крајот на 2020 или евентуално за 2021 година.

Scroll to Top