Милутин Мркоњиќ беше оженет со друга, а десет години живееше со Ана Бекута: Љубовната приказна на пејачката и политичарот

By

Вчера на 79 години почина поранешниот српски министер Милутин Мркоњиќ. Неговиот живот последните десет години беше одбележен по љубовта со фолк-пејачката Ана Бекута.

dobivaj vesti na viber

Милутин никогаш официјално не се разведе од својата сопруга Драгана, позната адвокатка и судија, со која беше во брак повеќе од триесет години. Останаа во добри односи, па дури и Драгана и Ана одлично се согласуваа, пишуваат српските медиуми.

„Никогаш не сум била љубоморна, немало потреба за тоа. Ние двајца не калкулираме во љубовта. Се однесуваме онака како што се чувствуваме. Ни одговара тоа што постојано сме заедно. Се негуваме взаемно, колку што е тоа возможно на овие години,“ кажа Ана во едно интервју.

Неколку години откако ја почнаа љубовната врска, Ана раскажа како почнала нивната романса.

„Најубавите работи се случуваат кога најмалку се надеваме. Јас едноставно се препуштив и си реков: Бог нека ми го испрати она што мисли дека ми е потребно. Не треба да губиме надеж и вистинскиот човек се појавува тогаш кога сте подготвени за тоа. Јас навистина се изначекав, првата половина од мојот живот ми помина во барање. Кога се запознавме, јас имав 52, а тој речиси 70 години. Но, да се сретневме порано, можеби немаше вака да се препознаеме. На дваесет и на триесет не знаеме баш што е всушност љубовта. Тоа го сфаќаме подоцна, кога со мудрост и со искуство некои вредности ќе се наредат на своето место“, рече Ана.

Мркоњиќ и Бекута најмногу уживаа слободното време да го поминуваат во заедничкиот дом. Ана велеше дека тие и по скоро десет години заедно се гледаат со иста жар.

„Жарта се уште е присутна, дури мислам и поголема, како што поминуваат годините. Сега многу подобро се познаваме, опуштени сме еден со друг, се шегуваме без лутење и во друштво сме омилени токму поради тоа. Луѓето сакаат да нè видат расположени, а посебно Милутин, кој е многу духовит па умее да се шегува и на своја и на наша сметка. Уживаме еден во друг и така да остане“, раскажа таа во една прилика.

Почина српскиот политичар Милутин Мркоњиќ, партнерот на Ана Бекута

Ќе ви се допадне