“Мислев дека е геј, па ми стана дечко, а раскинавме заради војната“, љубовта меѓу Беби Дол и Масимо Савиќ

Масимо Савиќ и Беби Дол за многумина беа најинтересната двојка во 80-те години на минатиот век. Иако нивната љубов била силна, како што Масимо во една прилика самиот изјави, разидувањето било неминовно поради бројни компликации. Беби Дол подоцна призна дека, сепак, тоа не било љубов на прв поглед.

– Само што се вратив од Египет, се сеќавам бев во авион кога ми пријдоа некои луѓе да го запознаам Масимо Савиќ. Беше пристоен, се сеќавам во тоа време имаше голем хит. Го погледнав, добро го изанализирав и, да не се навреди никој, ама помислив дека е геј – раскажа белградската пејачка во едно интервју.

Важеа за една од најубавите двојки во 80-те

Нивната романса не почнала тогаш, а подоцна Масимо призна дека имал впечаток дека Беби Дол е вообразена.

– Беше упорен и еднаш на аеродром ме дочека со цвеќе. Тогаш почна се’ – откри таа.

Сепак, вели таа “ Не успеавме да се договориме каде ќе биде нашиот дом. Дали во Загреб, во Белград, или на Истра каде живееше неговата мајка која многу ме сакаше. Живеевме на висока нога се’ до војната. Живеевме интензивно, убаво, возбудливо, авантуристички. Тогаш не ни бевме свесни колку сме всушност среќни. И наеднаш се’ падна во вода. Комплетно престанавме да комуницираме. Но, животот не стои, па така беше и со нас“,  призна славната уметница.

 

Scroll to Top